🚀 Бесплатен вебинар:
💔 Зошто силните жени се чувствуваат сами во врска?
📅 15.03.2026 (недела)
🕗 19:00 часот
💻 Бесплатен онлајн вебинар (1,5 час)
Постојат жени што се силни, способни и стабилни.
Жени што знаат да носат одговорност, да решаваат проблеми, да се грижат за сите околу себе.
И токму тие жени понекогаш се чувствуваат најосамено во сопствената врска.
Има љубов, не е тоа во прашање..
Партнерот не е „лош“ човек.
Врската не е осудена (никој не ве урочил😊).
Ама, со тек на време се создаваат мали, тивки динамики што полека ја оттурнуваат блискоста.
И најчесто никој не ги забележува - сè додека не почне да се појавува чувство на дистанца, умор и емоционална осаменост.
На овој вебинар ќе зборуваме детално за тоа.
На овој вебинар ќе научиш:
Ќе откриеш:
✨ Кои се 5 динамики што полека ја уништуваат врската
(а повеќето парови мислат дека се нормални)
✨ Зошто токму силните, независни жени најчесто се чувствуваат сами во врска
✨ Како несвесно можеш да влезеш во улоги што ја гасат блискоста
✨ И што можеш да направиш веќе следниот ден за да ја вратиш топлината и поврзаноста со партнерот
Ова нема да биде разговор за обвинување или за тоа кој е во право.
Ова е разговор за разбирање на динамиките што се случуваат помеѓу двајца луѓе, и како свесно да ги промениш.
А најубавото?
Работите што ќе ги научиш можеш да почнеш да ги применуваш буквално следниот ден.
И често, малите промени прават огромна разлика.
Ако веќе си присуствувала на некој од моите вебинари, тогаш знаеш една работа:
ова е време што навистина вреди да се инвестира.
👉 Ако сакаш подлабоко да ја разбереш динамиката во твојата врска,
резервирај си место. И прати и’ на сестра ти која исто мака мачи со партнерот, ќе ти каже фала. 💔
Местата се ограничени.
[Пријави се бесплатно]
Детали:
Недела, 15.03.2026
⏰19:00 часот CET (трае 1,5 час)
💻 Live преку Zoom
💸 Цена: Бесплатно
