ЗОШТО ОВАА ПРОГРАМА?

Во многу компании HR тимовите вложуваат огромен труд во:

– процесите за регрутација
– onboarding
– развој на вработени
– задржување на талент

Но реалното искуство на вработените најмногу зависи од нивниот директен менаџер.

А токму тие менаџери често:

– немаат формална обука за управување со луѓе
– не се чувствуваат дел од HR процесите
– немаат практични алатки за работа со тимот

Затоа се случуваат ситуации како:

– нови вработени да заминат во првите 3 месеци
– одлични луѓе да изгубат мотивација
– конфликти во тимот да се избегнуваат наместо решаваат
– менаџерите да се чувствуваат несигурни во HR одлуките

Токму тука се појавува HR for Non-HR.

ШТО Е HR FOR NON-HR?

HR знаење за луѓе кои не се HR

HR for Non-HR е практична програма за менаџери кои:

– не работат во HR
– но носат одлуки за луѓе секој ден.

Програмата им помага на учесниците:

– да ја разберат својата улога во HR процесите
– да донесуваат подобри одлуки за своите тимови
– да создадат поангажирани и поуспешни тимови

Преку:

– интерактивни сесии
– реални HR ситуации
– практични алатки кои веднаш се применуваат.

Програмата ги покрива клучните фази од животниот циклус на вработените.

ATTRACT како да ги привлечеме вистинските луѓе,

ENGAGE како да изградиме ангажиран тим,

PERFORM како да водиме кон резултати и напредок,

RETAIN како да ги задржиме добрите луѓе.


СТРУКТУРИРАНА Е КАКО 3 дневна интерактивна обука + можност за follow-up ден

Секоја сесија комбинира:

– кратко теоретско објаснување
– реални ситуации
– дискусија со учесниците
– практични алатки и техники

Учесниците работат на реални предизвици од нивната компанија

ПРОГРАМАТА Е НАМЕНЕТА ЗА:

– тим лидери
– супервизори
– first-time менаџери
– оперативни менаџери
– сопственици на мали компании


Односно сите кои:

– водат луѓе
– учествуваат во избор и вклучување на нови вработени
– даваат feedback и поставуваат очекувања
– се одговорни за резултатите на тимот


ЗА КОГО НЕ Е ПРОГРАМАТА:

❌ HR професионалци кои бараат длабока HR специјализација
❌ Компании кои очекуваат HR да ги реши сите проблеми со луѓе
❌ Менаџери кои не сакаат да работат на сопствените лидерски вештини

ШТО ДОБИВААТ УЧЕСНИЦИТЕ?

По завршување на програмата учесниците:

– подобро ја разбираат својата улога во процесите поврзани со луѓе,
– знаат како да постават јасни очекувања и насока за својот тим,
– водат конструктивни разговори за резултатите и напредокот на тимот, даваат корисен feedback,
– имаат поголема сигурност во водење на тешки разговори,
– знаат како да препознаат и развиваат потенцијал кај луѓето.


ШТО ДОБИВА КОМПАНИЈАТА?

Кога менаџерите ќе гo применат знаењето од програмата, компанијата може да добие:

– појасно поставени очекувања и одговорности во тимовите,
– повисока ангажираност на вработените,
– подобра адаптација на нови вработени,
– поконструктивни разговори за резултати и развој,
– намален непосакуван turnover,
– постабилни и поефективни тимови.

КОЈ СТОИ ЗАД ПРОГРАМАТА?

Дејан Стојановиќ 

Посветен професионалец со долгогодишно искуство во големи интернационални компании. Автор е на програмите за структурирана обука на вработените во одделот за продажба и припадниците на средниот менаџмент.

Дознај повеќе www.Proupgrade.mk

Ана Салтирова Давидовски

Автор, основач на кампањата #ЛиченИЗБОР, NLP тренер & coach, тренер за личен и организациски развој, искусен HR професионалец со повеќе од 20 години искуство во работа со луѓе и компании.

Дознај повеќе www.AnaSaltirova.mk

Дарко Петровски

Извршeн бизнис и HR консултант, говорник, тренер, ментор, претседател на Македонската HR асоцијација, основач на Талент Бизнис Инкубаторот Step Up и executive search.

Дознај повеќе StepUP


Програмата е наменета за оперативни менаџери, тим лидери, продажни менаџери и сопственици на мали компании кои водат луѓе, но немаат формална HR обука. Целта е да добијат практични алатки за работа со луѓе во секојдневното работење.

Да. Пред почетокот на програмата се прави краток разговор со компанијата за да се разберат најчестите предизвици со кои се соочуваат менаџерите и да се кастамизира програмата согласно потребите.

Програмата се состои од три дена обука и еден follow-up ден. Секој ден обработува различен аспект од работата со луѓе и може да се следи како самостојна целина, но заедно темите се надоврзуваат и создаваат структуриран пристап кон управувањето со луѓе во компанијата. По завршување на обуките се организира follow-up сесија, во формат на тимски коучинг, каде учесниците работат на реални ситуации од својата компанија. На оваа сесија се дискутира како стекнатото знаење може да се примени во пракса и се разгледуваат конкретни предизвици со кои се соочуваат менаџерите.

Не. Програмата е дизајнирана флексибилно и може да се реализира во различен временски распоред, во зависност од потребите на компанијата. Во многу организации обуките се организираат со временска дистанца помеѓу модулите (на пример еднаш месечно или еднаш квартално). Овој пристап има и дополнителна предност – учесниците имаат време да применат дел од алатките во пракса, а помеѓу модулите добиваат задачи кои им помагаат да го тестираат наученото во реална работа со својот тим. На следната сесија се дискутираат искуствата и се надоврзува следниот дел од програмата.

Програмата HR for Non-HR е фокусирана на реалните ситуации со кои се соочуваат менаџерите кога работат со луѓе – поставување очекувања, разговори за резултати, развој на вработени и справување со тешки ситуации. Фокусот е на практични алатки и применливи пристапи, а не на теоретски HR концепти.



Поддржете ги менаџерите да станат подобри во најважниот дел од својата работа – работата со луѓе, затоа што развојот на луѓето не е само HR задача – тоа е клучна вештина на секој менаџер.


Силните тимови не се случајност.