КЛУБ за РОДИТЕЛИ, родители во најава (loading), родители на родителите (баби и дедовци), сакаш да пораснеш дете кое живее со ставот #Благодарам, а размислуваат и делуваат од пристапот #КакоМОЖЕ, а нѐ зошто не. Дете кое ќе биде спремно да влезе во светот на ГОЛЕМИТЕ и таму ќе може да продолжи да си игра и да се забавува како што тоа безгрижно го прави денес.

Може ќе те изненади ама нема некоја голема разлика од вештините што му се потребни на едно дете во паркот, школскиот двор од оние кои ни се потребни нам во деловниот свет.

Ако сакаш да му бидеш поддршка на патот за успешно вклучување во светот на ГОЛЕМИТЕ погледни ја видео најавата и приклучи се.

ПОДАРОК – Планер за СРЕЌНИ родители и Kick-off средба за заедничко почнување на патувањето

СЕ ДРУЖИМЕ:

  1. Секој 1 понеделник on-line интерактивна работилница за родители од ризниците на NLP методологијата со coaching пристап во добро друштво на ZOOM
  2. секој 2 вторник споделуваме мој (мал) чекор (вибер)
  3. секоја 3 среда – споделуваме мој (мал) успех (вибер)
  4. секој 4 четврток мој (мал) предизвик (анонимно или гласно отвори тема – предизвик, проблем на вибер) кој преку тимски coaching заедно со другите родители ќе го решиме Q&A месечен повик

БИБЛИОТЕКА:

  1. #КакоМОЖЕ карти за ГОЛЕМИ
  2. Пристап до Tips&Tricks од иницијативата #родителиЗАродители
  3. 2 бесплатни предавања
  4. 6 e-книги Како да станеме и останеме среќни родители
  5. Детски медитации
  6. Игри и материјали за изработка
  7. + уште нешто

+:

  • Авторство во иницијативата #родителиЗАродители
  • Попусти за обуки од Кампањата #ЛиченИЗБОР
  • Попусти во продавницата на Кампањата #ЛиченИЗБОР
  • БОНУС: учество на партнерот
  • БОНУС: вмрежување со родителите со слични размислувања

Исто што и претплата 1 вклучувајќи и:

Поддршка на Кампањата #ЛиченИЗБОР – креирање на слободни материјали

10% од уплата оди во Ширење на #Благодарам во училиштата/градинките

Исто што и претплата 2 вклучувајќи и:

10% од уплата оди за дечиња преку EСrowd.mk во твое име

Клубот е за родители, родители во најава (loading), родители на родители (баби и дедовци) кои сакаат да бидат во добро друштво на други слични на себе, а преку 4Д (Друштво, Доследност, Длабочина, Доверба) да се нурнеме подлабоко во сите знаења кои веќе ги имаме, да ги продлабочиме и да ги ставиме во служба. Не е дека не знаме туку некогаш...

Не е обука иако ќе има и такви елементи 😊 идејата е да имаме место и поддршка со луѓе слични на нас да го ставиме знаењето кое веќе го имаме на темата во дневна практика (како човек кој има 18+ години искуство во едукација на ГОЛЕМИ знам дека најголемиот предизвик не е незнаењето туку незаживувањето на знаењето во дневна практика, а за тоа си требаме, ние луѓето сме социјални учачи 😊).

Додека постои КЛУБОТ можеш да бидеш и ти член во него, а се надевам дека тоа ќе биде ДОЛГОООО, се додека чувствуваш дека имаш вредност од ова дружење, размена, поддршка, учење, заедничко решавање на ситуации (народно познати како проблеми) можеш да го продолжувате месечното членство. Во текот на месецот нема да ти одзема ни многу време ни многу пари, а ќе ти биде партнер во доследно заживување и продлабочување на знаењето.

Претплатата избери ја сам/а, по името на Кампањата #ЛиченИЗБОР, направи избор за цената која највеќе одговара за тебе, независно уплатата материјалот и уживањето е за сите еднаков (целта е да се зголеми достапноста за сите, финансиите да не се изговор, секој којшто го чита/гледа ова да може да си дозволи некоја, ако не и секоја од претплатите). Оние кои ќе се одлучат за претплата 2 или 3 дополнително ќе имаат можност да направат додадена вредност во промоција на Кампањата #ЛиченИЗБОР во училиштата/градинките, книгата #родителиЗАродители и EСrowd.mk платформата за да бидеме поддршка на децата кои имаат итна потреба. И да, можете да направиме и промена на претплатата да почнете со една па да поминете на друга независно дали нагоре или надолу 😊.

Секогаш барам добро друштво, а знам дека и други го бараат, затоа што не е секогаш лесно да си сам на маса со некои свои размислувања, како што е на пример личен развој на детето и себеси во исто време, уште познато како развивање на GROWTH mindset vs. FIXED mindset. Па решив во склоп на Кампањата #ЛиченИЗБОР да покренам и КЛУБ за Родители кој ќе биде такво друштво.

Благодарам од ♥ за твојот интерес, вратите ќе се отвораат секој цветен МАЈ и разнобоен НОЕМВРИ, откако ќе станеш дел од КЛУБОТ ти одлучуваш колку долго сакаш да останеш. Идејата е КЛУБОТ да биде долгогодишно друштво и поддршка на патот на нашиот заеднички развој со нашите најмили. Целта е првите 6 месеци да го почнеме патувањето малку повеќе структурирано и тоа со ПЛАНЕР-от за СРЕЌНИ родители со кој ќе направиме kick-off на ова патување, а потоа продолжуваме да продлабочуваме и прошируваме. Развојот нема дестинацијата, убавината е во патувањето.

Точно тоа е идејата на овој КЛУБ, повеќе од сигурно ми е јасно дека ние родителите и покрај најдобрите желби и намери, сепак не успеваме да направиме сѐ што сакаме независно што знаеме, денот има само 24 часа. Ова ќе биде сигурно место на кое ќе можете да се добиете инспирација, поттик, идеја... од мене/други родители слични на мене/тебе кои сакаат повеќе за своето дете и за себе, кои знаат дека можат повеќе и за своето дете и за себе. Во КЛУБОТ може да учествуваш и со тоа што само ќе следиш, читаш и сам/а ќе рефлектираш, вредноста секако ќе биде голема иако лично верувам колку повеќе се вложиш толку повеќе и ќе добиеш, но можеби важни тоа за изразените екстроверти како мене 😊.

Овој КЛУБ е on-line за да може да се вклучат сите од секаде, да нема просторно ограничување или просторно оправдување.

#родителиЗАродители е иницијатива која почна уште во 2019 како дел од е-книгата „Како да станеме и останеме среќни родители“. Во неа беа повикани сите родители да ги споделат нивни успешни практики (tips & tricks) во родителувањето со другите родители. Целта беше кога ќе се најдеш во некоја ситуација да погледнеш во иницијативата #родителиЗАродители за идеја/инспирација за справување со твојата ситуација. Има простор и за формализирање на оваа иницијатива, а КЛУБ-от ќе биде место во кое ќе се родат и многу успешни практики (tips & tricks) кои потоа ќе ги сместиме во книга. Автори на оваа книга ќе бидат македонските родители т.е. секој којшто ќе даде tip & trick за родителување ќе се потпише на истиот онака како што сака (име презиме, само име, инстаграм профил, псевдоним итн.), авторството е негово. Детали за иницијативата ѕирнете во ова едноминутно видео https://www.youtube.com/watch?v=gB2y6hdfyLU&list=PLhHNWR55axxRIee7xu5XbQe8UBFzBWhpR&index=1.

Супер, им се радувам од ♥ на сите твои прашања и ги очекувам на меил [email protected].

ВЛЕЗот во КЛУБот за РОДИТЕЛИ е можен 2 пати годишно (мај и ноември) нови членови во КЛУБот ќе може да се приклучат во НОЕМВРИ, или за повеќе од...

00 денови
00 саати
00 минути
00 секунди

Сакате да бидете ИНФОРМИРАНИ за новиот циклус? 

Оставете го меилот и информацијата ќе ја добиете меѓу првите