This website use cookies to ensure you get the best experience on our website
Специјалист по ортодонција, еден од основачите на Поликлиниката Дента ЕС како и управител на Веледрогеријата и едукативниот центар Орто Дента ЕС.
" Пасивно самолигирање, нови системи - Damon Ultima".
Што ќе опфаќа предавањето?
- Damon Ultima системот е новото револуционерно ортодонтско решение. Тој претставува пасивен самолигирачки систем кој работи со благи сили, а елиминира примена на еластични и метални лигатури. Со системот на Damon Ultima може да постигнете ефикасно и удобно движење на забите, подобрена удобност на пациентот и намалено време на лекување во споредба со обичните протези. За време на предавањето ќе се запознаете со основните карактеристики на Damon Ultima системот, современите концепти на работа,индикации за употреба на истиот како и приказ на случаи од секојдневната ортодонтска пракса и решавање на истите.
- 2005г I Jа добива титулата доктор по стоматологија
- 2011г I Ги завршува специјалистичките студии и се стекнува со звање специјалист по ортодонција.
- 2021г I Започнува со постдипломски студии на Приватниот институт ,,Академија за естетска стоматологија" и е еден од активните предавачи на Институтот.
-2023г I Магистрира на тема - Електромиографска регистрација на мускулниот баланс, пред и после терапија со оклузален мандибуларен сплинт, кај пациент со ТМД.
- Има учествувано на курсеви за фиксна класична техника, бројни курсеви за самолигирачки системи, и лингвална ортодонција, миофункционална терапија и мини импланти во ортодонтската терапија како скелетно прицврстување.
-2011г I Учествува на курсеви за третман на пациенти со дисфункција на Темпоромандибуларниот зглоб одржани од д-р Елизабет Менцел (Германија), основач на ортодонтско континуирано образование за третман на темпоромандибуларниот зглоб, и оттогаш активно работи на третман на пациенти со ТМД и слип апнеа, користејќи терапија со мандибуларни сплинтови и самолигирачки ортодонтски системи (Damon систем), а исто така користи и Уреди за мезијализација на мандибулата (MADs) за синдром на опструктивна апнеа при спиење, а по интезивните обуки за Електомиографија во Италија, почнува да ја користи и оваа метода во 2015 година кај пациенти со темпоромандибуларно нарушување.
- 2012г I Станува лиценциран едукатор за системот Дејмон, по специјализираната обука помината од Ormco Advanced Education.
- 2015г I Беше говорник на Симпозиумот на Македонското ортодонтско друштво, Скопје, поканет говорник на 3. Меѓународен ортодонтски симпозиум на Косовското ортодонтско здружение.
- 2016г I Поканет говорник на Меѓународниот конгрес на македонското ортодонтско друштво
- 2018г I Поканет говорник на Првиот меѓународен симпозиум ортодонтското здружение на Црна Гора
- 2018г I Предавач на Меѓународниот стоматолошки конгрес во Александрија.
- 2020г I Беше еден од предавачите на вебинар организиран од Египетското ортодонтско друштво.
- 2022г I Повторно поканет предавач на 23тиот Интернационален Конгрес во Александрија
- Исто така, предава и одржува курсеви за: ТМД и ортодонтски третман кај пациенти со ТМД, со специфична употреба на електромиографија, сплинтови и пасивно самолигирање (Дејмон систем).
- Од 2015 година е и KOL (Key opinion Leader) за EMEA-Европа, Блискиот Исток и Африка, и беше активен говорник на 2-от состанок на KOL, Во Јордан, активен говорник на 3-тиот состанок на KOL во Дубаи (одржан за време на вториот MENA Ormco Symposium) и активен говорник на 4-тиот состанок на KOL во Султ, Германија, и на 5. KOL Meeting и Атина 2017 и 6. KOL во Минхен
- 2017-2021 Активен член на WFO од 2017 година, истата година 2017та година е избрана за Амбасадор на Македонското ортодонтско друштво во Американскота Асоцијација за ортодонција (ААО).