Тема за International Dental & Aesthetic Marathon:

"Сегашна и идна перспектива на примена на хијалуронски филери: анатомија, топографија, естетска хармонија, безбедни зони и безбедни техники во долната третина од лицето".

Што ќе опфаќа предавањето? 

За време на предавањето ќе имате можност да се запознаете со современите концепти за примена на хијалуронски филери, приказ на техники во долната третина од лицето како и работа на пациенти во живо. Во текот на работата со пациенти ќе биде употребен францускиот бренд на иновативни дермални филери -STYLAGE.

Биографија: 

-Специјалист по пластична, реконструктивна и естетска хирургија со над десетгодишно искуство во областа на естетската медицина.

-Доктор на медицински науки во областа на психијатријата.

-Основач и директор на естетско едукативниот центар Медика Аестетика и Antiaging aкадемијата во Србија.

-Меѓународен едукатор од областа на естетската медицина и стоматологијата.

-Меѓународен едукатор за примена на хијалуронски филери, мезотерапија, примена на хемиски пилинг, примена на фактори за раст и примена на Btx тип А.

- Истакнат советник на Академијата за кожа, Барселона.

- ЕММА, Европски магистер по естетска и antiaging медицина, 2010 година, Париз, Франција.

- KOL на светските естетски лаборатории Laboratoires Vivacy i Innoaesthetics.

- Член на ISAPS (Меѓународно здружение за естетска пластична хирургија - водечко професионално тело во светот за естетски пластични хирурзи).