Тема за International Dental & Aesthetic Marathon:

"Gummy smile- етиологија и терапија".

Што ќе опфаќа предавањето?

- Gummy smile или изразената видливост на гингивата при насмевка и зборување, според класификацијата влегува во пародонтални заболувања и состојби- мукогингивална аномалија која во повеќето случаи ја расипува естетиката на насмевката. Во етиологијата се споменуваат хипермобилна горна усна, тенка горна усна, долга алвеоларна екстензија на горната вилица или модифицирана пасивна ерупција на забите во горната вилица. Изборот на терапевтска процедура зависи од етиологијата. Тоа ќе биде претставено за време на предавањето детална дијагностичка процедура и упатства за избор на адекватен терапевтски пристап во целта елиминација на истакната видливост на гингивата, како и хируршка процедура на издолжување на клиничките коронки.

Биографија 

- 2001г I Дипломирала на Стоматолошкиот факултет на Универзитетот во Белград

- 2003г I На истиот факултет се вработила како асистент по предметите Пародонтологија и Орална медицина. 

- 2007г I Го положила специјалистичкиот испит од областа Пародонтологија и орална медицина.

- 2008г I Го одбранила магистерскиот труд под наслов „Евалуација на примената на препарати на база на β-трикалциум  фосфат при зачувување на алвеоларниот гребен по екстракција на заб“.

-2012г I Одбранета доктораска дисертација со наслов „Карактеризација и токсична активност на изолатите на Aggregatibacter actinomycetemcomitans“ 

- 2019г I Избрана е за вонреден професор е избрана по наставните предмети Основи на пародонтологија и клиничка пародонтологија. 

- Се занимава со настава на стручно, интегрирани и постдипломски студии на Стоматолошкиот факултет на Универзитетот во Белград.

-2015г I Во периодот од февруари до август престојувала како визит истражувач на Катедрата за орална радиологија, на Кралскиот дентален колеџ Универзитетот во Архус во Данска, како дел од пост-докторски студии каде се занимавала со дијагностичките аспекти на CBCT технологијата во пародонтологијата. 

-2015г I Во март, останала на Клиниката за пародонтологија на Стоматолошки факултет, Универзитетот во Берн, Швајцарија, со цел професионален развој во областа на микрохируршки пристапи во пластична пародонтална и пери-имплантна операција.

- Д-р Наташа Николиќ Јакоба има објавено над 80 трудови во списанија и на научни собири во земјата и странство. Ангажирана е во проекти на Министерството за образование, наука и технологија на Република Србија и Фондот за иновациска дејност на Република Србија.

-Член е на Српското медицинско друштво, Здружението на пародонтолози на Србија, Европската федерација за пародонтологија и Здружението за естетска стоматологија на Србија.