Чувствуваш дека ти е потребна лична или професионална промена?

Стани дел од  NLP Practitioner програмата на Sensum – трансформативно патување кое ти помага да го отклучиш својот целосен потенцијал!

Резервирај го твоето место за 16. генерација NLP Practitioner

Бројот на места е ограничен!

14 успешно завршени NLP генерации

Константна менторска поддршка

Меѓународно акредитирана програма и признаен сертификат

За кого е наменета програмата

Оние кои сакаат да работат на личниот раст и развој

Оние кои сакаат да напредуваат на професионално поле, да преминат во друга област/професија или да започнат свој бизнис.

Оние кои сакаат да бидат подобри родители, пријатели, партнери, вработени, претприемачи, лидери, менаџери, тренери.

NLP за личен раст и развој

Не е важно само она што го правиме. Начинот на кој размислуваме е тоа што во голема мера ги обликува нашите резултати.


Со NLP програмата во Sensum ќе добиеш знаење и техники со кои ќе негуваш пристап на континуирано учење и размислување за раст.

Преку NLP програмата во Sensum ќе научиш моќни техники за создавање на трајни промени:

·  Ќе добиеш јасност и визија за твоите цели.

·  Ќе ги зајакнеш самодовербата, резилиентноста и емоционалната интелегенција.

·  Ќе оствариш подобра комуникација и релации со луѓето околу себе.

·  Ќе го максимизираш сопствениот креативен потенцијал и мотивација.

·  Ќе се ослободиш од старите навики, стравови и ограничувања.

·  Ќе научиш како да имаш поголема флексибилност и да изградиш високо квалитетни релации.

·  Ќе ослободиш повисоки нивоа на храброст и автентичност.

Започни го своето трансформативно патување кон личен и професионален раст

Новата генерација за NLP програмата во Sensum започнува со работа во 2026!

NLP програмата во Sensum има докажан ефект врз подобрување на комуникацијата, ангажираноста и продуктивноста на работното место.

Преку NLP програмата во Sensum ќе добиеш вредни алатки кои ќе го подобрат твоето севкупно работење:

·  Ќе совладаш техники за подобрување на ефективноста на лидерството и деловниот успех.

·  Ќе научиш како да ја поттикнеш тимската динамика.

·  Ќе добиеш техники за подобрување на соработката, довербата и синергијата во склоп на твојот тим.

·  Ќе совладаш методи за подобра ефективност во продажбата.

·  Ќе научиш да комуницираш како најдобрите лидери во светот.

Оваа врвна развојна програма која учесниците ја препознаваат како своја клучна животна одлука, се спроведува преку авторизираната едукативна содржина и курикулум на NLP University од Санта Круз Калифорнија. Изградена е на принципите на најновата 3-та Генерација на NLP, најнапредниот нов код за трансформација и успех.

Запознај ја Зорица

Низ трансформативното патување на NLP во Sensum те води Зорица Поповска, сертифициран NLP Мастер Тренер (NLP University), член на ANLP и NLP Global Standards Association и основач на Sensum Training & Coaching. Таа е сертифициран MindsetMaps Coach, NLP Capital Coach, High Performance Team Coach (HPTC), Deep Coaching и Parent as a Coach – во Erickson Coaching International. Нејзиното искуство е стекнато под водство на меѓународно признати лидери и најрани развивачи и авторитети во NLP. Член на DILTS/ NLPU Академија на Тренери и Консултанти и нивен авторизиран корисник на стручната содржина за тренингот.

Зорица е автор на програми за развој во областа на лидерство, емоционална и ментална агилност, продажба и развивач на работилници за личен развој - кои интегрираат NLP методологија, универзални принципи и генеративен коучинг пристап ориентиран кон долгорочно одржливи решенија.

Kако дел од континуираниот развој на експертизата и програмите на Sensum, како и континуирано зголемување на стандардите во испораката, се стекнавме и со високо ниво на акредитација во престижната ANLP – Англиска Асоцијација за NLP.

ANLP важи за најреспектирана и најнезависна асоцијација за NLP во светот. Акредитациите што ги издаваат се меѓународно признаени и често се гледаат како „златен стандард“ во NLP обуки.

Koга e вистинскиот момент за лична и професионална промена? Веднаш!

Покажи интерес за новата генерација на NLP програмата во Sensum и започни го своето трансформативно патување.

Невро-лингвистичко програмирање (NLP) е револуционерен, научно – базиран пристап, применета психологија која овозможува да управуваш со животните пресврти и предизвици со поголема мудрост и себе-прифаќање, повеќе избор, јасен поглед и отворен ум. NLP е моќна методологија која ти помага да ја постигнеш менталната и емоционалната агилност и резилиентност, потребна за да напредуваш низ животните предизвици.

NLP дава одговор 'КАКО'.

Што велат досегашните учесници

Топло ги препорачувам професионалните тренери, како и целата стимулативна и опуштена атмосфера во Sensum. Силно сум убедена дека на секој му е потребен инкубатор за поттикнување на индивидуалниот потенцијал.

Ана Јовковкса

Новинарка и авторка

Достигнав ново ниво на свесност што не сум го почувствувал никогаш досега, за кое не сум ни верувал дека постои. Ретко која од досега поминатите едукации може да се спореди со NLP програмата и методите со кои таа се изучува. Уникатно искуство кое нема да те остави рамнодушен.

Кирил Величковски

Директор на продажба

NLP ми овозможи значајно да ја подобрам својата свесност, како за самиот себе, така и за својата околина. Се чувствувам побогат со специфично знаења и усовршив техники кои ќе ми бидат од огромно значење во приватниот и деловниот живот.

Зоран Велков

Kомерцијален директор

NLP e магично патување кое го започнав без очекувања, а го пропатував со сите сетила, обоено со многу визуелизација, препратено со звуци и чувство на исполнетост. Секој модул со своја приказна и тежина продира длабоко во душата и суштината на животот, во важноста на: моментот, зборовите, контекстот, комуникацијата.

Катерина Јордановска Манев

Маркетинг & ПР Координатор

Што треба да знаеш за NLP Practitioner програмата во Sensum:

Програмата трае 8 месеци

Вкупно се одржуваат 140 часови

Часовите се одвиваат во живо во просториите на Sensum во центарот на Скопје, со можност за следење онлајн преку вклучувања во живо на Zoom

Месечен износ за посетување на NLP Practitioner програмата на Sensum – 198

За да направиш резервација потребнa e почетна уплата од 100€

Сѐ уште не знаеш дали NLP е за тебе?

За да се осигураш дека ќе ја донесеш вистинската одлука за твојот личен развој, те покануваме да го посетиш првиот модул – NLP Starter.

Преку првиот модул ќе можеш да согледаш како се одвива програмата, кој е стилот и насоката за содржина на тренинзите, па потоа да одлучиш дали ќе ја посетуваш целосната NLP Practitioner обука.

Покажувањето интерес не те обврзува на програмата - само ни покажуваш интерес за да те контактираме со повеќе информации за содржината, распоредот и условите.