This website use cookies to ensure you get the best experience on our website
Програмот 8 недели
Дали си од оние родители кои сметаат дека детето треба да научи да зборува, без претходно да ги развие клучните вештини и да ги помине сите развојни нивоа кои претходат на самиот говор?
Дали си родител на дете кое е доцен проговорувач и ти е потребна дополнителна професионална поддршка за на правилен начин да го стимулираш развојот на говорот кај твоето дете?
Со моја помош и со помош на овој програм, ти ќе бидеш подготвен родител кој точно ќе ги знае сите нивоа на развој, нивоата од целиот развоен синџир кај своето дете.
Затоа што секоја од алките на синџирот е подеднакво важна и секое испуштање на било која од алките може да доведе до нарушување во развојот на детето.
НА КОЈА ПЛАТФОРМА СЕ РЕАЛИЗИРА?
Програмот ќе се реализира на посебна платформа
Ќе имате можност низ видео и аудио презентации на темите да се стекнете со потребното знаење.
Додека на Вашиот емаил ќе бидат испратени материјали кои ќе ви бидат дополнителна поддршка во процесот на учење.
ШТО ДОБИВАШ ОД ОВОЈ ПРОГРАМ?
Програмот "Научи ме да зборувам", ќе те воведе во светот на детето и неговиот развој. Ќе те научи како со почитување да гледаш на секоја развојна фаза кај детето. Ќе те охрабри и научи како да го стимулираш детето следејќи го синџирот на развој, без при тоа да прескокнеш некоја алка. Ќе ти помогне да го разбереш своето дете, да ги разбереш неговите развојни фази и да му бидеш поддршка во процесот на учење на вештините, кои му претходат на вербалниот говор и првите зборови.
Програмот е наменет и за родители чии деца доцнат со развојот на говорните вештини, па преку " Научи ме да зборувам " ќе научите како и на кој начин е потребно да комунициате со детето, кои игри да ги примените во текот на стимулацијата и кои техники да ги практикувате за да го поттикнете развојот на говорот кај Вашето дете.
По завршувањето на програмот, ти ќе бидеш свесен родител, родител кој го разбира развојот на детето, родител кој знае како да го стимулира говорниот развој кај своето дете.
Цената на 8- неделниот програм изнесува
3999,00 денари
65 еур за уплати од странство
Што добивате?
✅ 8 недели
✅ 24ч достапност за следење во свој ритам и темпо
✅ Видео и аудио предавања
✅ Бројни примери за стимулација низ игра
✅ PDF фајлови
✅ Бонус
Доколку имате некое прашање слободно поставете го овде !
Thank you for getting in touch!
One of our colleagues will get back to you shortly.
Have a great day!
За нашите деца